Како што информира началникот на Итната помош од болницата во Кавадарци, д-р Ратко Грков, кај две лица смртта била констатирана на самото место, а тројцата повредени, откако биле транспортирани во Општата болница во Кавадарци, се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје.
„Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата, а нареди и да се изврши технички преглед на сите возила. Наредено е испитување на присуство на алкохол кај учесниците во несреќата“,
соопштија од обвинителството.
Сообраќајната несреќа се случи рано утрово, на патот Росоман – Прилеп, во близина на местото викано Камен дол.
Како што информира началникот на Итната помош од болницата во Кавадарци, д-р Ратко Грков, кај две лица смртта била констатирана на самото место, а тројцата повредени, откако биле транспортирани во Општата болница во Кавадарци, се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
Во несреќата учествувале четири автомобили.