Фондот за иновации и технолошки развој добил задача за оваа цел да ги искористи добиените пари од Министерството за култура
Картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе се дигитализираат, најави Владата по синоќешната седница.
За оваа цел ќе бидат потрошени пет милиони денари (околу 81 000 евра).
„Владата го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој средствата добиени од Министерството за култура во износ од пет милиони денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик ’Крсте Мисирков‘, а согласно објавениот јавен повик“,
велат од владината прес-служба.