Најавите за нејзино заминување денеска ги потврди министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека разговарал со неа, но дека таа била решена да си оди
Шефицата на одделот за инфективни болести во ГОБ „8-ми Септември“ Патриција Карамалас, вели дека останува во болницата, и паралелно ќе работи и во „Аџибадем Систина“.
„Пред се сакам да се заблагодарам на убавите желби и честитки. Во моментот сум се уште консултант во Аџибадем Систина. Сакам јавно да се заблагодарам на господинот Јордан Камчев за поддршката за јавното здравје како и за разбирањето на нашиот министер за здравје и директорот на ГОБ „8 Септември“. Ќе работам и во двете установи заедно со целиот тим. Искрено се молам на Бога да ми даде сила на мене и на целиот здравствен пресонал да издржиме во оваа битка“,
напиша докторката на фејсбук.
За најавите за нејзино заминување денеска информираше министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека разговарал со неа, но дека таа била решена да си оди.
Филипче рече дека уште една докторка- инфектолог дала отказ од Инфективната клиника, како и три медицински сестри.
Министерот вели дека тешко е да се каже причината за одливот на кадарот. Смета дека дел од медицинските лица се преморени од борбата со ковид-19, а дел, како што вели, имаат свои причини.