Кога МНР и Македонската телевизија ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции, тогаш ќе го споделиме со вас, вели премиерот
Владата ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Република Бугарија, а Бугарската национална телевизија се емитува во С Македонија. Ова беше одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање за тоа до каде е процесот со почетокот на емитувањето на македонската национална телевизија во Бугарија.
„Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и Македонската телевизија, што треба да зрачи, и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции, тогаш ќе го споделиме со вас“,
одговори Ковачевски.