Одлуките се донесени на предлог на Министерството за одбрана, а станува збор за учество во операции и мисии на НАТО, ЕУ и ООН
Владата денеска донесе повеќе одлуки за испраќање војници од Армијата на Северна Македонија во различни мисии на ЕУ, НАТО и Обединетите нации (ООН) во неколку држави во светот.
Според соопштението објавено по владината седница, ќе се испратат припадници на Армијата во мисии на НАТО во Ирак (NATO Mission Iraq – NMI), Косово (операција КФОР) и Летонија (мисија „Зајакнато истурено присуство“ – enhanced Forward Presence – eFP).
Во Босна и Херцеговина, пак, наши војници ќе заминат за учество во меѓународната операција на ЕУ наречена АЛТЕА.
Во рамки на операцијата УНИФИЛ на ООН, припадници на Армијата ќе бидат испратени во Либан.
Владата ги донела одлуките на предлог на Министерството за одбрана.