Двајца стружани со своите автомобили превезувале патници и им наплатувале превоз во такси-возило. Како што информира полицијата, во акциска контрола на регионалниот пат Охрид-Струга затекнати се двајца возачи кои нелегално вршеле превоз.
„Во нелегален такси-превоз без соодветна лиценца за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, затекнати се А.П.(53) од Струга, кој превезувал патници со својот автомобил ‘сеат’ со струшки регистарски ознаки, како и А.П. (30) од Струга, кој вршел нелегален такси-превоз на патници на релацијата Охрид-Струга со својот автомобил ‘мерцедес’“,
информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.