Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 329 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето, соопштија од МВР.
Казната за неносење заштитна опрема на устата и носот е 20 евра, а доколку се плати на самото место е 10.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.