Во текот на изминатото деноноќие полицијата напишала 218 прекршочни казни за неносење заштитна маска на лицето.
Казната изнесува 20 евра, а доколку се плати на самото место е 10 евра.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.