Катар сака да ја зацврсти својата позиција како главен снабдувач на течен гас за Европа, а потребите се големи бидејќи рускиот гас од гасоводот учествува со речиси 40 отсто од увозот на Стариот Континент
„Катар енерџи“ работи на зголемување на производството на гас во услови на зголемена глобална побарувачка, но оваа зима нема да го пренасочи течниот природен гас (ЛПГ) договорен со азиските клиенти во Европа, предупреди денеска извршниот директор на катарската компанија.
Катар е меѓу водечките светски извозници на течен гас, а неколку европски земји се обидуваат да добијат повеќе гас преку преговори со цел да обезбедат замена за увозот од Русија и да ја елиминираат кризата со снабдување.
„Договорите се апсолутно свети за Катар… Значи, кога потпишуваме договор со азиски или европски клиент, го почитуваме. Договорената количина гас ќе биде испорачана во Европа. Но, гасот нема да се зема од азиските клиенти и да се испраќа во Европа“,
изјави за новинарите извршниот директор на „Катар енерџи“, Саад ал-Каби, кој е и министер за енергија на Катар.
Катар сака да ја зацврсти својата позиција како главен снабдувач на течен гас за Европа, а потребите се големи бидејќи рускиот гас од гасоводот учествува со речиси 40 отсто од увозот на Стариот Континент.
Планот за северно поле на Катар вклучува зголемување на капацитетот за втечнување гас до 2027 година од 77 милиони тони на 126 милиони тони годишно.