Според нивните анализи, рече дека веројатно ќе имаат подеднаков број пратеници со коалицијата „Европски фронт“
Коалицијата „Вреди“ е апсолутен победник кај Албанците. Ова е резултат на доаѓањето на нашите иселеници кои гласаа на денешните избори. Затоа 100 илјади пати им се заблагодарувам на сите кои дојдоа и ја направија оваа разлика во татковината.
Ова вечерва во Тетово го изјави Биљал Касами од БЕСА, посочувајќи дека коалицијата „Вреди“ излегла победник во сите општини со мнозинско албанско население.
„Од утре почнуваат преговорите за нова влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Вреди’. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани“,
рече Касами.
Во име на 100 илјади гласа за коалицијата „Вреди“, Касами им се заблагодари на членовите и на симпатизерите.
Според нивните анализи, рече дека веројатно ќе имаат подеднаков број пратеници со коалицијата „Европски фронт“.
„Разликата во гласови нема да помине 10 илјади“,
рече лидерот на Беса.
Како што во моментов стојат работите, досега најголемата опозициска партија добива 59 мандати. Втора партија засега е СДСМ со 19 мандати, но блиску е ДУИ со коалицијата, која има 18 мандати. Коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, има 13 мандати. Левица, во моментов, е со 6 пратеници, а ЗНАМ може да се надева на 5.