Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, вечерва од централниот собир во Тетово рече дека коалицијата „Можеме“ на граѓаните им гарантира реформи во судството и законот ќе биде ист за сите.
„Ние имаме потпишана програма, и успеавме дел од неа да бидат четирите столба на Беса. Еднаквоста е важна за сите граѓани во нашата земја. Ви гарантираме дека ќе го реформираме судството, дека законот ќе биде ист за сите. Нема да може да има функционери на ДУИ кои пукаат во нашата младина, а денес обвинителството да ги ослободува“,
истакна Касами во Тетово.
Тој, во финишот на кампањата обраќајќи им се на тетовчани им порача дека ќе се слави на 15 јули.
„Тука сме не за да ја завршиме кампањата, туку за да ја почнеме прославата на победата која ќе дојде по изборите на 15 јули“,
рече Касами.