Медицински апарати, дезинфекциони средства, маски и друга заштитна опрема, како и шест медицински стручњаци кои веќе работеле во Вухан, пристигнаа синоќа од Кина на аеродромот во Белград.
Кинеските стручњаци ги пречека лично претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој за таа цел смисли и нов начин на поздравување во услови на ригорозни мерки против ширењето на коронавирусот.
До 8 часот утрово во Србија се дијагностицирани уште 17 заразени со коронавирус, со што бројот на заболени од ковид-19 достигна 188.
На сила во земјата е полициски час кој трае од 17 часот попладне до 5 часот следниот ден, и забрана за движење на лицата постари од 65 години, а Вучиќ вчера им порача на граѓаните дека доколку не ги почитуваат овие мерки, полицискиот час може да трае цел ден.