Според МВР, на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано Клучка – с.Смоквица, синоќа во 19 часот полициски сужбеници дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин Богородица, а подоцна возилото било оставено
Полицијата синоќа пронашла девет мигранти од Индија во возило оставено во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица, а кое претходно не застанало на полициски знак. Во возилото е пронајден и совозачот, кој е приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Според МВР, на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано Клучка – с.Смоквица, синоќа во 19 часот полициски сужбеници дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин Богородица. Подоцна, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од Арачиново, скопско. Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија. Совозачот е приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, како што најавуават, ќе биде поднесена соодветна пријава.