Одговарајќи на новинарски прашања по настан во Скопје, Мицкоски рече дека сè уште нема длабински размислувано околу новата распределба на ресорите во владата, но вели дека тој и луѓето од неговиот кабинет прават одредени анализи во однос на ова прашање
На прашањето дали министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ќе остане дел од владата со оглед на неговата вчерашната изјава дека веќе не се гледа како дел од владејачката коалиција ВЛЕН, Мицкоски не одговори конкретно и ги повика новинарите за толкување на изјавата на Лимани да го побараат лично него
Сè е можно – вели премиерот Христијан Мицкоски за опцијата нови политички партии да ѝ се приклучат на владината коалиција со реконструкцијата најавена во јуни.

Одговарајќи на новинарски прашања по настан во Скопје, премиерот рече дека сè уште нема длабински размислувано околу новата распределба на ресорите во владата, но вели дека тој и луѓето од неговиот кабинет прават одредени анализи во однос на ова прашање.
„Јас и мојот кабинет правиме анализа, имаме некакви индикации. Во јуни ќе имаме повеќе детали“,
изјави Мицкоски.
На прашањето дали ќе има распределба на политичката моќ низ ресорите со оглед на тоа што со заминувањето на пратеникот Миле Цеков, Движењето ЗНАМ има еден пратеник помалку, Мицкоски вели:
„Ние како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ на тие преговори ќе излеземе со наш став кој пред сè се должи на нашите анализи. Би сакале да ги слушнеме ставовите и на останатите коалициони партнери и се надевам дека како стратешка коалиција и понатаму ќе продолжиме успешно да ја водиме македонската влада“.
Прашан дали министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ќе остане дел од владата со оглед на неговата вчерашна изјава дека веќе не се гледа како дел од владејачката коалиција ВЛЕН, премиерот не одговори конкретно, а за толкување на изјавата на Лимани ги повика новинарите да го побараат лично него.
„Ние во ВМРО-ДПМНЕ ја привршуваме внатрепартиската реорганизација, очекувам овој месец да ја завршиме и во јуни да се посветиме на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа владата во иднина“,
рече Мицкоски.
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, кој имаше несогласувања со лидерите на ВЛЕН, вчера изјави дека тој и владејачката коалиција на партиите на Албанците одамна завршиле. На прашањето како дел од која политичка структура ќе учествува на следните избори, Лимани рече дека нема да биде дел од ВЛЕН. Прашан дали во моментов е министер на ВЛЕН или на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека е министер на сите граѓани.
