Украинската служба за безбедност распиша потерница по Кадиров за водење агресивна војна или агресивна воена акција, што предвидува затворска казна од десет до петнаесет години
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров им рекол на украинските власти дека нема потреба да се става неговото име на потерница бидејќи ќе дојде сам.
„Господа, одредето го местото и времето, ќе дојдам. Ќе дојдам по вас и ќе ве казнам за сите ваши злосторства“,
рече Кадиров во видеото објавено на Телеграм.
Кадиров додал дека веќе неколкупати бил во Украина.
Украинската служба за безбедност распиша потерница по Кадиров за водење агресивна војна или агресивна воена акција, што предвидува затворска казна од десет до петнаесет години.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) во август годинава поднесе обвинение за воени злосторства против шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.
СБУ на социјалните мрежи објави дека собрала „безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров“.
Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL