Земјите во кои традиционално жителите на нашиот регион одат на одмор, а кои ги отворија своите границите за сите кои се вацинирани, генерално бараат да помине одредено време од целосното вакцинирање, односно од примањето на втората доза
Европската агенција за лекови (ЕМА) вели дека втората доза на вакцина „Астра Зенека“ треба да се даде четири до 12 недели по првата. Објаснувањата се дека постои причина што втората доза се дава по три месеци, но за оние кои неодамна ја примиле првата доза, тоа може да им ги уништи плановите за одмор.
Земјите во кои традиционално жителите на нашиот регион одат на одмор, а кои ги отворија своите границите за сите кои се вацинирани, генерално бараат да помине одредено време од целосното вакцинирање, односно од примањето на втората доза. Во Грција и во Турција, на пример, може да се влезе со потврда за целосна вакцинација издадена од надлежен орган, под услов втората доза да е примена најмалку 14 дена пред пристигнувањето.
Ова значи дека оние кои ја примиле само првата доза на „Астра Зенека“ не го исполнуваат условот.
Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија…
Според условите наведени на веб-страницата на Амбасадата на Словенија, треба да поминат најмалку 21 ден од првата доза на вакцината против ковид-19 произведена од „Астра Зенека“.
Хрватска исто така штотуку воведе нови мерки за влез во земјата.
„Што се однесува до луѓето кои биле вакцинирани со вакцината ‘Фајзер’, ‘Модерна’ или ‘Спутник В’, тие можат да влезат во Хрватска во рок од 22 до 42 дена од првата доза на вакцинација или 22 до 84 дена од приемот на првата доза на ‘Астра Зенека’“,
пишува на веб-страницата на хрватското Министерство за внатрешни работи.
Се разбира, тука се и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, за кои на граѓаните од регионот не им треба никаков документ за коронавирусот.