Шесте партии, вклучително и главната опозициска Демократска партија, одлучија да предложат иницијатива за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол по широката реакција во политичкиот спектар на неговата краткотрајна уредба за воена состојба
Шест јужнокорејски опозициски партии поднесоа предлог-закон со кој се бара импичмент на претседателот Јун Сук Јеол откако тој ненадејното прогласи воена состојба, која подоцна ја укина.
Предлог-законот поднесен од опозицијата, како што јавува јужнокорејската новинска агенција Јонхап, а пренесува Си-ен-ен, бил поднесен до Националното собрание во 14:40 часот по локално време
Шесте партии, вклучително и главната опозициска Демократска партија, одлучија да предложат иницијатива за отповикување на Јун по широката реакција во политичкиот спектар на неговата краткотрајна уредба за воена состојба. Предлог-законот се очекува да се најде на пленарната седница на Националното собрание на Јужна Кореја во четврток, а гласањето да се одржи во петок или сабота.
Според уставот на Јужна Кореја, како што пренесува Си-ен-ен, импичментот треба да биде предложен од мнозинството од парламентот и да добие двотретинска поддршка од пратениците. Предлогот потоа ќе оди до Уставниот суд, а најмалку шест судии мора да се согласат да продолжат со импичментот.
До завршување на постапката за импичмент, претседателот ќе биде суспендиран од вршење на должноста.