Изминатата сабота тој избегна барање за импичмент во Националното собрание, а беше спасен од неговата партија. Но, Демократската партија повторно закажа ново гласање за импичмент на претседателот кое треба да се одржи во сабота
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, кој е под закана од импичмент по неодамнешниот обид да воведе вонредна состојба во земјата, рече дека ќе се бори до последен момент, обвинувајќи ја опозицијата дека предизвикува национална криза.
„Ќе се борам со народот до последен момент“,
рече тој, истовремено посочувајќи дека не ја избегнува правната и политичка одговорност поврзана со прогласување вонредна состојба.
Им се извини на граѓаните, кои се изненадија и загрижија од неговата одлука да прогласи вонредна состојба.
„Ве молам верувајте во мојата лојалност кон народот“,
кажа Јеол, кој е под истрага за предизвикување бунт и му е забрането да ја напушта државата.
Од полицијата вчера соопштија дека биле спречени да извршат претрес во претседателската канцеларија.
Демократската партија, која воедно е главна опозициска партија, предупреди дека ќе донесе бунт против претседателските служби доколку продолжат да го блокираат спроведувањето на законот.
Јон Сук Јеол неочекувано прогласи вонредна состојба вечерта помеѓу 3 и 4 декември, пред да мора да ја укине шест часа подоцна под притисок на Парламентот и демонстрациите.
Изминатата сабота тој избегна барање за импичмент во Националното собрание, а беше спасен од неговата партија. Но, Демократската партија повторно закажа ново гласање за импичмент на претседателот кое треба да се одржи во сабота.