Во својот говор по повод Денот на националното ослободување, со што беше одбележана 79-годишнината од независноста од јапонската колонијална власт во 1910-1945 година по Втората светска војна, Јун рече дека е подготвен да започне политичка и економска соработка доколку Северна Кореја „направи само еден чекор“ кон денуклеаризација
Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, денеска, додека ја презентираше својата визија за обединување на соседите, понуди формирање советодавно тело на работно ниво со Северна Кореја за да се разговара за начините за намалување на тензиите и продолжување на економската соработка.
Во својот говор по повод Денот на националното ослободување, со што беше одбележана 79-годишнината од независноста од јапонската колонијална власт во 1910-1945 година по Втората светска војна, Јун рече дека е подготвен да започне политичка и економска соработка доколку Северна Кореја „направи само еден чекор“ кон денуклеаризација.
Јун рече дека формирањето меѓукорејска работна група би можело да помогне во намалувањето на тензиите и решавање на прашањата кои се движат од економска соработка, преку размена меѓу луѓето до повторно обединување на семејствата разделени во Корејската војна од 1950 до 1953 година.
„Ќе започнеме политичка и економска соработка во моментот кога Северна Кореја ќе направи само еден чекор кон денуклеаризација. Дијалогот и соработката можат да донесат значителен напредок во меѓукорејските односи“,
рече тој.