Иван Јорданов денеска ја презеде функцијата градоначалник на Штип и најави дека ќе ги крати непродуктивните трошоци.
Јорданов најави дека тој како градоначалник и директорите на јавните претпријатија во градот нема да користат службени возила и тие ќе бидат ставени во функција на граѓаните.
„Како што најавивме во време на финансиска криза, ги кратиме и ги намалуваме непродуктивните трошоци. Од денес, па во наредниот период јас како градоначалник, но и идните функционери под локална самоуправа, идните директори на јавните претпријатија нема да користат службени возила. И на овој начин возилата ќе ги ставиме во функција на службите на Општина Штип за да бидат сервис кон граѓаните“,
изјави Јорданов откако ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник од СДСМ, Сашко Николов.
Тој додаде дека со ова ќе се скратат непродуктивните трошоци, но и ќе се подобри функционалноста на Општината.