„Во министерството постојано имало поплака за работатата на одредени универзитети и факултети“, вели министерката за образование и наука
Работиме на три пријави, односно ја испитуваме работата или акредитацијата на еден државен и на два приватни универзитети. Ова денеска го изјавила министерката за образование и наука Весна Јаневска, посочувајќи дека нема да открие за кои универзитети конкретно станува збор и најави дека за тоа ќе излезат да зборуваат кога ќе имаат сериозни докази.

Најави дека ќе има реевалуација и реакредитација на сите универзитети.
„Во министерството постојано имало поплака за работатата на одредени универзитети и факултети“,
рече таа.
Според неа, на јавна дискусија ќе биде ставен и предлогот за печатење на сведителствата, односно училиштата сами да ги печатат сведителствата, а завршните сведителства да ги печати државата.
Јаневска вчера најави дека ќе има реевалуација на висообразовните установи, а посочи и дека мора да се отвори дискусија дали на државата и се потребни 20 факултети по правни науки или пет факултети по медицина.
„Ќе постапиме по секоја пријава. Ќе има реевалуација на високообразовните установи. Секој што исполнува усови – со среќа, секој што не исполнува услови, ќе мора да се помири со судбината“,
рече таа.