По пријавата, како што велат од Обвинителството, се постапува по редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука
Во описот за случајот, се вели дека таткото и двете ќерки се пријавени дека поради недоразбирање околу добитокот. Тие прво почнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, при што ја влечеле, ја туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата, оштетената се здобила со тешка телесна повреда, скршеница на левиот скочен зглоб на ногата
Татко и две ќерки се пријавени дека нападнале жена од кривопаланечкото село Дрење, која се здобила со скршеница на левиот скочен зглоб на ногата, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Крива Паланка.
Против таткото и двете ќерки, како што се вели во соопштението од Обвинителството, е доставена кривична пријава поради сомние дека сториле кривично дело тешка телесна повреда.

Во описот за случајот, се вели дека таткото и двете ќерки се пријавени дека поради недоразбирање околу добитокот. Тие прво почнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, при што ја влечеле, ја туркале и и се заканувале.
„Кога ја турнале на земјата, оштетената се здобила со тешка телесна повреда, скршеница на левиот скочен зглоб на ногата“,
се додава во соопштението.
По пријавата, како што велат од Обвинителството, се постапува по редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука.
„Наредено е и вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази“,
велат од Обвинителството.
Поради претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.
Изминатиот викенд Општина Крива Паланка информира и за нов сериозен инцидент поврзан со кравите што со години прават штети во градот и околните села. Повикувајќи се на полициска информација, од Општината соопштија дека 67-годишна жена од селото Дрење пријавила физички напад поради недоразбирање околу крави, при што се здобила со тешки телесни повреди, а полицијата работела на расчистување на случајот.
Од Општината посочија дека пријавените лица во случајот се поранешни сопственици на добитокот за кој со месеци се бара институционално постапување. Оттаму упатија прашања до надлежните институции зошто по бројните пријави за напади и закани овие лица сѐ уште се на слобода, дали некој ги штити и „што уште треба да се случи за луѓето да бидат безбедни“.
