Секторот за внатрешни работи Струмица потврди дека телото на мажот е извлечено и е предадено на обдукција
Од водите на Дојранското Езеро рано утринава е извлечено телото на 43-годишниот Д. М. кој вчера се удави во езерото. Мажот бил извлечен оттаму од тим од тројца пожарникари од струмичката противпожарна бригада.
Секторот за внатрешни работи Струмица потврди дека телото на мажот е извлечено и е предадено на обдукција.

Според информациите што вчера ги објави полицијата, мажот се удавил во Дојранското Езеро вчера претпладне откако од чамец скокнал во водите и отпливал неколку метри.