Како што се гледа на снимката од видеонадзорот од болницата објавена на странските медиуми, членовите на тајната единица се маскирани како медицински лица и се пробиваат низ ходникот со кренати пушки
Израелските специјални сили маскирани во женска облека, но и како лекари убиле тројца членови на палестинските вооружени групи во болница на окупираниот Западен Брег, пренесува Си-ен-ен.
Единицата за борба против тероризмот на граничната полиција и единицата на внатрешните безбедносни сили, позната како „Шин Бет“, влегле во болницата „Ибн Сина“ на периферијата на бегалскиот камп во градот.

Како што се гледа на снимката од видеонадзорот од болницата објавена на странските медиуми, членовите на тајната единица се маскирани како медицински лица и се пробиваат низ ходникот со кренати пушки.
Израелската војска соопшти дека мажите кои биле убиени се криеле во болницата.
Министерството за здравство на палестинската управа го обвини Израел дека извршил нов масакр во болниците.
Хамас, вооружена палестинска исламистичка група која води војна со Израел во Газа, предизвикана од нејзините невидени напади врз Израел на 7 октомври, рече дека израелските сили егзекутирале тројца борци, вклучително и еден нејзин член.
Друга вооружена група, „Палестински исламски џихад“, рече дека двајца од убиените се нејзини членови, како и дека еден од нив бил на лекување во болницата.
Тензиите се зголемија на Западниот Брег по нападите на 7 октомври, со речиси секојдневни рации на израелски апсења и судири со Палестинците.
Според извештај на Обединетите нации, од 7 октомври израелските сили убиле најмалку 357 Палестинци – милитанти, цивили и напаѓачи – на Западниот Брег, додека израелските доселеници убиле најмалку осум.
Палестинците од Западниот Брег убиле најмалку 10 Израелци во напади на Западниот Брег и Израел во истиот период.
Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека повеќе од 26 600 Палестинци – главно жени и деца – се убиени во израелската офанзива.
Официјалната палестинска новинска агенција на Западниот Брег, Вафа соопшти дека тројцата Палестинци во болницата биле убиени.
Според нејзините извори во болницата, околу 10 припадници на израелските специјални сили облечени во цивилна облека отишле на третиот кат, каде што ги убиле мажите користејќи оружје опремено со придушувачи.

Еден од членовите на палестински исламски џихад кој беше убиен се лекувал за повреда во болница од 25 октомври.
Хамас ослободи 105 заложници за време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година. За возврат, Израел ослободи 240 палестински затвореници од своите затвори.
Хамас претходно го поврза натамошното ослободување на заложниците со крајот на војната. Според израелски владини извори, Хамас сè уште држи околу 130 лица кои ги киднапира од Израел во Газа на 7 октомври.
Според Хамас, приоритет е целосното повлекување на израелските сили од Газа, за што Израел се противи, како и дека секој договор треба да доведе до долгорочен прекин на огнот.
Оттаму посочиле и дека раководството на Хамас е покането во Каиро да ги продолжи разговорите.
Израел, пак, рече дека разговорите за прекин на огнот одржани во неделата биле конструктивни, но дека остануваат значајни празнини во секој потенцијален договор.