Во соопштението, како што посочува британскиот национален сервис, не е е даден тајмингот кога ќе почне офанзивата, но станува збор за досега најдетално известување за обемот на операцијата што израелските сили ја подготвуваат за Појасот Газа
Израелските одбранбени сили (ИДФ) попладнево објавија соопштение во кое се наведува дека нивните сили се подготвуваат да ги прошират своите операции на теренот, пренесува Би-би-си.
„ИДФ се подготвува за сеопфатна офанзива“,
се вели во соопштението.

Во него, како што посочува британскиот национален сервис, не е е даден тајмингот кога ќе почне офанзивата, но се наведува дека таа ќе биде изведена со помош на стотици илјади припадници на резервниот состав.
Инаку, копнената офанзива на израелската војска на Појасот Газа е во очекување откако Израел издаде наредба за евакуација на населениот од северниот во јужниот дел на енклавата.
Воените дејствија кои ги најавува израелската војска доаѓаат една недела по ненадејниот напад што милитантите на Хамас го извршија врз Израел што доведе до нова војна на Блискиот Исток.
Според соопштението на ИДФ, се планира офанзива во која ќе бидат вклучени воздушни, морски и копнени сили.
„Основната борбена опрема е веќе испратена на соодветните локации, а баталјоните и војниците на ИФД се стратегиски распоредени низ целата земја“,
се наведува во соопштението.
Според британскиот јавен сервис, последното соопштение на израелската војска е досега најдеталното во односно на нејзината подготовка за копнен напад на Појасот Газа.
Иако во него во основа се вели дека израелските сили сè уште се подготвуваат, сепак, истовремено јасно се навестува дека тоа ќе биде масовна и потенцијално долга операција.
Голем дел од фокусот е на огромниот обем на логистика вклучена за „сеопфатна офанзива“ по копно, море и воздух.
„Ова вклучува формирање напредни логистички центри за да се насочи процесот на снабдување со опрема, што ќе им овозможи ефикасност на нашите војници“,
се вели во соопштението.
Израелските војници денеска ги посети и им се обрати премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху.
„Следната фаза доаѓа“,
им рекол тој на војниците, пренесуваат светските агенции.
Тој им се обратил на војници во јужен Израел, а видеоснимка од средбата била објавена од неговиот кабинет.
„Сите сме подготвени“,
напиша Нетанјаху на социјалната мрежа „Икс“ (поранешна Твитер) споделувајќи видео и фотографии од средбата со војниците.
עם הלוחמים שלנו בעוטף עזה, בקו החזית. כולנו מוכנים.
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) October 14, 2023
(צילום: אבי אוחיון, לע״מ) pic.twitter.com/TiGzHcWhPK