Портпаролот на Израелските одбранбени сили конкретно се осврна на болницата Ал Шифа, која е најголема во Појасот Газа. Тврди оти Хамас има направено мрежа на тунели под болницата кои ги користи како командни центри од кои може да напаѓа
Израелските одбранбени сили денеска обвинија дека милитантите од палестинското исламистичко движење Хамас ги користат болниците во Појасот Газа како „терористичка инфраструктура“ од каде што ги извршуваат воените активности, а своето население го користат како „човечки штит“.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, конкретно се осврна на болницата Ал Шифа, која е најголема во Појасот Газа. Тврди оти Хамас има направено мрежа на тунели под болницата од која може да напаѓа.
Хагари тврди дека стотици војници побегнале во болницата Ал Шифа за да се скријат по нападите врз Израел на 7 октомври. Додава дека Израел има разузнавачки информации оти во болниците во Газа има гориво, а дека милитантите на Хамас го користат за својата, како што вели, терористичка инфраструктура.
„Хамас работи и се крие под најголемата болница во Газа. Нивните приоритети се јасни – а луѓето од Газа не се меѓу нив“,
објавија Израелските одбранбени сили на својот профил на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.
Hamas operates within and hides beneath the largest hospital in Gaza.
— Israel Defense Forces (@IDF) October 27, 2023
Their priorities are clear—and the people of Gaza are not among them. pic.twitter.com/7M4ZqjFyYs
Милитантната група Хамас, пак, веднаш ги отфрли тврдењата на израелската армија оти ги користи болниците во Појасот Газа како командни центри.
„Нема основа за вистината во она што го изјави портпаролот на непријателската армија. Израел ги изнесе ваквите наводи за да го отвори патот за нов масакр врз нашиот народ“,
рече Изат ал Ришк, висок член на политичкото биро на Хамас.
Ал Шифа е најголемата болница во Газа, лоцирана во градот Газа на северот од Појасот. Во болниците воГаза се лекуваат и се засолнети илјадници луѓе од почетокот на воениот конфликт.