Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред
Израел се согласил од денеска да почне да спроведува четиричасовни дневни хуманитарни паузи во северниот дел на Газа за да им овозможи на луѓето да избегаат од непријателствата, соопшти Белата куќа, оценувајќи дека тоа е „чекор во вистинската насока“.
Во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да воведе „дневни хуманитарни паузи“.
Администрацијата на Бајден соопшти дека обезбедила уште еден премин за цивилите да избегаат од борбите.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека првата хуманитарна пауза ќе биде најавена денеска и дека Израелците се обврзале да го објавуваат секој четиричасовен прозорец најмалку три часа однапред.

„Израелците ни кажаа дека нема да има воени операции во овие области за време на паузата и дека овој процес започнува денес. Сметаме дека ова се значајни први чекори овде и очигледно сакаме да продолжат онолку долго колку што се потребни“,
рече Кирби.
Инаку, на 7 октомври милитантната група Хамас нападна цели во Израел и зеде заложници, по што Израел почна со бомбардирања на Појасот Газа. Оттогаш илјадници луѓе во Газа се убиени, ранети или раселени.