Првичните информации се дека бебето е во тешка состојба, а меѓу повредените се и четири американски државјани
Најмалку осум луѓе се повредени, од кои двајца потешко, во терористички напад на автобус и паркинг во близина на Западниот ѕид во Ерусалим, пренесуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот користел огнено оружје, а утрово им се предал на израелските власти, откако безбедносните сили цела ноќ трагале по него, соопшти израелската полиција.
Тој бил одведен на испитување, а неговиот пиштол е конфискуван.
Според пишувањата на „Ерусалим Пост“, една од повредените е трудница на возраст од околу 30 години, која била погоденаво стомак, поради што докторите морале итно да извршат царски рез.
Првичните информации се дека бебето е во тешка состојба, а меѓу повредените се и четири американски државјани, пишува овој весник.
Портпаролот на палестински Хамаз, Фавзи Бархум, изјави дека нападот е храбар чин на отпор, посочувајќи дека тоа е „природен одговор на окупацијата на населението и секојдневните израелски злосторства над Палестинците“.