Мислам дека Израел ќе ја има на неодреден период севкупната безбедносна контрола бидејќи видовме што се случува кога ја немаме. Кога ја немаме таа безбедносна контрола, она што го имаме е ерупција на теророт на Хамас од размери што не можевме да ги замислиме, вели Нетанјаху
Откако ќе заврши војната, Израел може да „управува“ со Газа на неопределен период, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху во интервју за американската телевизија Еј-би-си њуз, пренесува „Гардијан“. Одговорот на Нетанјаху доаѓа откако беше прашан кој треба да управува со територијата кога ќе завршат борбите, а по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден според кого „би било грешка ако Израел целосно ја окупира Газа“.
„Мислам дека Израел ќе ја има на неодреден период севкупната безбедносна контрола бидејќи видовме што се случува кога ја немаме. Кога ја немаме таа безбедносна контрола, она што го имаме е ерупција на теророт на Хамас од размери што не можевме да ги замислиме“,
вели Нетанјаху.
Во интервјуто, тој ги отфрла повиците за прекин на огнот без ослободување на заложниците земени од Хамас во нивните напади на 7 октомври.
Израелскиот премиер исто така рече дека можеби се можни хуманитарни паузи за да се пушти помошта во енклавата и израелските заложници да излезат.
„Што се однесува до тактичките мали паузи, час овде, час таму, ги имавме претходно. Претпоставувам дека ќе ги проверуваме околностите, за да овозможиме да влезат стоки, хуманитарни стоки или нашите заложници, индивидуални заложници, да заминат“,
додава Нетанјаху.
Нетанјаху, во интервјуто, се осврна и на улогата на Иран и на милитантната група Хезболах поддржана од Техеран, предупредувајќи ги да не се мешаат повторно.
„Мислам дека сфатија дека ако тргнат во војна на сериозен начин, одговорот ќе биде многу, многу силен и се надевам дека нема да ја направат таа грешка“,
вели Нетанјаху за Еј-би-си њуз.
Запрашан за коментарите на Нетанјаху, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рекол дека она што го поддржуваат е дека Хамас веќе не може да ја контролира Газа, пренесува „Гардијан“.
„Имаме разговори со нашите израелски колеги за тоа како би требало да изгледа владеењето во Газа пос конфликтот и не верувам дека какви било решенија се најдени на еден или на друг начин“,
додава Кирби.