Службеникот на израелското Министерство за правда, Гилад Ноам, случајот со Јужна Африка, со кој се обвинува Израел за кршење на Женевската конвенција, го нарече „целосно одвоен од фактите и околностите“
Израел ја бранеше својата офанзива во Рафах пред Меѓународниот суд на правдата (МКС) откако Јужна Африка побара од судиите да ја прекинат операцијата и израелската армија целосно да се повлече од палестинската територија.
Службеникот на израелското Министерство за правда, Гилад Ноам, случајот со Јужна Африка, со кој се обвинува Израел за кршење на Женевската конвенција, го нарече „целосно одвоен од фактите и околностите“.
„Овој случај го исмева грозоморното обвинение за геноцид“,
рече Ноам.
Неколку произраелски демонстранти се собраа пред судот пред израелската презентација држејќи фотографии од заложниците киднапирани од Хамас на 7 октомври.
Повеќе од 35 000 Палестинци се убиени во седуммесечната израелска офанзива на палестинската енклава, објавија нејзините власти во четвртокот.
Амбасадорот на Јужна Африка во Холандија, Вусимуза Мадонсела, во четвртокот побара од судот да му нареди на Израел веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од целиот Појас Газа.
Јужноафриканскиот правен тим ја претставува израелската воена операција како дел од геноциден план чија крајна цел е уништување на палестинскиот народ.
Во минатите пресуди судот го отфрли барањето на Израел да го прекине случајот и нареди да спречи геноцид врз Палестинците, иако не нареди прекин на нападите.