Покрај тоа, се најавува и обврската за заштитни маски во затворен простор повторно да стапи на сила, доколку бројот на новозаболени за еден ден е над 100 во текот на една недела
Во Израел досега 56,9 од околу девет милиони луѓе ги примиле двете дози од вакцината
Израелската Влада одлучи да ја одложи одлуката за отворање на границите за вакцинирани туристи пред 1 август поради зголемувањето на бројот на заразени, најмногу со делта-сојот.
Првичниот план беше да се дозволи вакцинирани туристи да дојдат во Израел од 1 јули.
Покрај тоа, се најавува и обврската за заштитни маски во затворен простор повторно да стапи на сила, доколку бројот на новозаболени за еден ден е над 100 во текот на една недела, јавуваат денеска израелските медиуми.
Во Израел денеска е објавено дека се регистрирани 138 нови случаи на инфекција во текот на претходните 24 часа, трет ден по ред.
Во последниве денови, делта-сојот на коронавирусот се повеќе се шири во земјата и има повеќе од 550 активни случаи, додека неодамна имаше помалку од 200.
За време на најголемата криза минатата зима, бројот на активни случаи беше повеќе од 85 000.
Израелските власти неодамна препорачаа да се вакцинираат сите деца на возраст од 12 до 15 години, а Министерството за здравство објави дека „во специфични ситуации“ ќе треба да бидат ставени во карантин и оние кои биле вакцинирани или оние кои прележале ковид-19.
Најавено е дека Израелците кои патуваат во таканаречените забранети земји, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Индија, Русија и Јужна Африка, ќе бидат казнети доколку тоа го направат без специјална дозвола за патување.
Од 110 нови случаи на инфекција во вторникот, 14 лица дошле од странство, а девет од нив биле целосно вакцинирани.
Во Израел досега 56,9 од околу девет милиони луѓе ги примиле двете дози од вакцината.