Во последните 24 часа во земјава починале 18 пациенти со ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Најмладата жртва имала 49 години, а највозрасната 84. Сите починале во болнички услови.
Најмногу од починатите во изминатото деноноќие се од Штип – тројца пациенти (49, 68 и 82години).
По двајца од починатите биле од Скопје (54 и 59 години), Гостивар (52 и 73 години) и од Кичево (68 и 82 години).
Останатите биле од Струмица (57), Битола (61), Тетово (64), Струга (65), Велес (65), Кавадарци (75), Крива Паланка (75), Прилеп (81) и Охрид (84).
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата изнесува 2 445.
