За една недела во Струга има 48 нови случаи со ковид-19, а во Охрид и Струга по 16.
Ова го покажува седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Охрид (за периодот од 25 до 31 јули) што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Во истиот период биле земени 263 брисови за тестирање од кои 185 од епидемиолошките индикации, а 78 од скринингот.
Во моментов во најмногу активни случаи од овој регион има во Струга – 195, во Дебар 108, а во Охрид има 84.
Во текот на минатата недела ЦЈЗ – Охрид регистрирал и 37 оздравени пациенти од Охрид, 43 од Струга и 17 од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани и два смртни случаи во Струга.