До 17 часот правото на глас го искористиле 41,39 отсто, покажуваат последните ажурирани информации на официјалната страница на Државната изборна комисија (ДИК).
Според обработени 72,42 отсто од гласачите, до 17 часот гласале 547 048 граѓани.
Право на глас на овие избори имаат 1 824 864 граѓани.

Гласањето во дел од избирачките места ќе биде продолжено и по 19 часот. Како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција, избирачките места каде што има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за и оние граѓани што ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да може да го остварат правото на глас.
Од ДИК најавуваат и дека гласањето ќе биде продолжено и во оние места каде имаше прекини, од кои најдолгиот беше од 2 часа и 55 минути.