Во апсолутни бројки, тоа значи дека од 7 часот утринава до 17 часот гласале 828 019 избирачи од вкупно запишани 1 815 350 во единствениот Избирачки список
Излезеноста на парламентарните избори до 17 часот изнесува 45,88 отсто според обработени 99,41 процент од избирачите, покажуваат последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

Во апсолутни бројки, тоа значи дека до 17 часот гласале 828 019 избирачи од вкупно запишани 1 815 350 во единствениот Избирачки список.
Споредено со парламентарните избори во 2020 година, како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на овие избори има зголемување на излезеноста од 8,15 отсто.