Ако второстепената комисија еве одлучи дека може, ќе продолжиме, зашто градбата реално нема проблем, има проблем постапката и преземањето. Ќе пратиме допис до министерство за транспорт и врски да направи ревизија на постапката за одобрување и реконструкција и ако двата извештаја се позитивни, ќе продолжиме со градбата, вели Љутков
Ако не се усвои ребалансот на Буџетот, уметниците и другите ресори, нема да земат плати од јули натаму, вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Во интервју за ТВ Сител тој тврди дека буџетот е потрошен и дека сега со ребалансот се бараат плати за до Нова година.
Љутков предлага посебен модел со кој еден денар од акцизата на нафтените деривати да оди за културата. Министерот појаснува дека три денари од акцизата за нафтените деривати, нема да одатт директно во Буџетот на Владата, туку еден денар би одел за спорт, еден денар за култура и еден денар за образование.
„Денарот ќе оди директно во култура, што значи дека ние во 2025 нема да бараме во новиот буџет дополнителни средства во културата, туку тој денар ќе значи 750 милиони денари на годишно ниво, а тоа се некаде 15-16 милиони евра, ако не се лажам и тоа ќе бидат дополнителни средства. Пто значи дека ако сега има 800 милиони денари тогаш ќе има еден милион и 600 за програми, не само за плати. Тие ќе се трошат само на програми и на капитлани инвестиции“,
вели Љутков.

Прашан дали од септември ќе има покачување на платите во овој ресор, тој вели дека има колективен договор што е потпишан во 2019 година и тој треба да се почитува додека е на сила, но колективните договори се правеле парцијално, вели Љутков.
„Ако се покачи минималната плата во март месец, ќе се покачат и платите на вработените во националните установи. Проблемот е што овие колективни договори се правеле парцијално во различни институции и во различни сектори. Не е направен систем за вработените во јавната администрација. Сега се направени парцијални решенија со колективните договори и направен е дисбаланс. Некаде се високи, некаде се ниски платите, дури имаме и различни плати во министерствата каде во едно министерство вработените земаат 30 проценити повеќе, а во друго 30 проценти помалку, а ја вршат истата функција, истакна министерот за култура, додавајќи оти треба да се изнајде начин како да се изедначат и другите со колективните договори“,
рече Љутков.
Во зависност од буџетот за 2025 тој рече дека приоритет ќе имаат незавршените објетки на културата, а за дел од нив како на пример за Драмскиот театар ќе има ревизија на проектот. За протекувањето во МНТ вели дека се обезбедуваат средства, но досега не се распишувал тендер. До Нова Година најавува дека тој проблем ќе се затвори, а за Универзалната сала вели дека ако се утврди дека е се чисто во постапката, градењето ќе продолжи.
„Едната постапка е градбата, а другата која ја започнавме е ревизија на постапката за преземање од Град Скопје во министерството. Второстепената комсиија за жалби донесе позитивна одлука дека може да се продолжи со градба, но ние уште го немаме пресекот од првата фаза или од пожарот. Денес добив информација дека извештајот е пратен кај изведувачот, но не е дојдено до министерството. Не можам да ставам потпис на нешто што е сомнително и не е направено како што треба. Ако второстепената комисија еве одлучи дека може, ќе продолжиме зашто градбата реално нема проблем, има проблем постапката и преземањето. Ќе пратиме допис до министерство за транспорт и врски да направи ревизија на постапката за одобрување и реконструкција и ако двата извештаја се позитивни, ќе продолжиме со градбата“,
потенцира Љутков.