Автопатот е пуштен за сообраќај на 32. километар, каде што се случи големата автобуска несреќа, и тоа во насока кон Софија
Запалениот македонски автобус во кој загинаа 45 патници, а седум се повредени,вечерва, под силно полициско обезбедување, e отстранет од автопатот „Струма“.
Автопатот е пуштен за сообраќај на 32. километар, каде што се случи големата автобуска несреќа и тоа во насока кон Софија, јави Бугарската национална телевизија.
Движењето кон Дупница останува затворено и сообраќајот се одвива преку друга одобрена маршрута Даскалово-Перник-Радомир до Дикан.
Сообраќајот на делниците го регулира бугарската сообраќајна полиција.