Нема услови за одржување на изборите и тие ќе се одложат, се согласија денеска партиските лидери на средбата кај претседателот Стево Пендаровски.
Тие го овластиле претседателот да свика експертска група за да се консултира за правните аспекти на одлуката за одложување на изборите.
Демократската партија Албанците (ДПА) ја напушти средбата.
Во изјава за медиумите Орхан Ибраими од ДПА рече дека тоа го направиле бидејќи одлуките биле однапред донесени од двете политички партии од македонскиот блок.
„Денеска сме присутни на овој состанок поради новата сериозна состојба со вирусот и предлагаме што побрзо да се воведе вонредна состојба. Го напуштивме состанокот затоа што мислиме дека како албански политички партии сме декор во овие институции и во оваа земја, затоа што одлуките однапред се донесени од двете македонски политички партии“,
изјави Ибраими.