Најголем пад во бројот на гласачи во Изборната единица 1, споредено со минатите избори, сепак се забележува во Аеродром, Кисела Вода и Карпош
Најголемиот пад во бројот на гласачи до 17 часот, споредено со изборите во 2016 година, засега се забележува во Изборната едница 1. Како што веќе објави „360 степени“, на претходните параламентарни избори таму до 17 часот гласале 195 864 лица, додека на овие избори во истиот период има 127 005 гласачи или близу 70 000 помалку.
Доколку Избирната анализира по општини, видливо е дека само во Македонски брод до 17 часот гласале над 50 отсто од запишаните во избирачкиот список. Во Сопиште, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода излесноста се движи меѓу 42% и 45%, додека во Сарај, Чаир и Студеничани е од 32% до 36%.

Доколку се споредат податоците од излезноста до 17 часот со изборите во 2016 година, видливо е драматично намалување. Како што покажува графиконот подолу, најголеми се разликите во излезноста во Карпош и Аеродром, но не заостануваат многу и Кисела Вода и Центар.

Во апсолутни бројки, најголем пад на бројот на гласачи има во Аеродром. Во 2016 година до 17 часот таму гласале 45 666 лица а сега 28 563 или околу 38% помалку. Слично е и во Карпош, каде на минатите парламентарни избори имало 38 423 гласачи до 17 часот, додека на овие во истиот временски период гласале само 23 839 или околу 38% помалку.
