Владата мора да помогне и во другите општини кои имаат проблем со дивоградбите за да покаже дека уривањето на објектот пред Мавровка не е инцидентен случај, вели за Сител, Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
„Почитувањето на законот е огледало на демократска држава. Дивоградбите станаа наше секојдневие, а луѓето се желни за правда и кога ќе се случи вакво нешто за прв пат државата во име на општина да руши се доживува со восхит. Факт е дека се голем проблем дивоградбите и мора да се справиме со тој проблем“,
рече Ивановска.
За платформите на Матка, Ивановска смета дека политички сили сè уште не се до одмериле таму и затоа платформите стојат. Според неа, само ако јавниот интерес го ставиме на прво место тогаш ќе имаме резултати.
„Ако Владата е на помош на една општина треба да знае дека и други кубурат со дивоградби нека им помогне и на нив. Нека биде принципиелна за да не биде ова изолиран случај“,
рече Ивановска.