Италијанските власти наредија затворање на сите дискотеки и носење маски ноќе на јавни места, откако се зголеми бројот случаи на заразени со новиот коронавирус.
Министерот за здравство Роберто Сперанца потпиша декрет стапува на сила од утре и со кој задолжително е носење заштитна маска од 18 часот до 6 часот наутро на јавни места каде има „формирање групи“.
Новиот декрет, исто така, забранува работење на отворените дискотеки и ноќни клубови.
Бројот за заразени во изминатите 24 часа во Италија се искачи на 479, со што вкупниот број на досега заразени е 253 915 лица и 35 396 починати.
Неколку од новите случаи изминатите неколку недели се поврзуваат токму со ноќните клубови.
За разлика од почетокот на пандемијата пролетта кога Италија беше една од најтешко погодените европски држави, таа сега не е меѓу првите десет земји во светот по бројот на новозаразени.
Иако Италија останува една од најзатворените земји во регионот, сепак, италијанските власти сметаат дека мора да бидат преземени построги мерки, бидејќи бројот за заразени почна да се зголемува со намалување на рестрикциите.
Од денеска, патниците кои пристигнуваат на аеродромот Фјумичино во Рим од Хрватска, Грција, Малта и Шпанија се тестираат, бидејќи се смета дека голем број од случаите се токму увезени од надвор.