Ковид-пропусницата, во дигитална или хартиена форма, првично беше дизајнирана за да го олесни патувањето меѓу земјите членки на ЕУ, но Италија сега најавуваа дека таа ќе биде задолжителна за сите вработени лица
Од сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе се бара да имаат здравствен картон со кој ќе докажат дека се вакцинирани со најмалку една доза против коронавирусот, неодамна го прележале или се негативни на вирусот, рече министерката за регионални работи Маријастела Гелмини, пренесе index.hr.
Така, Италија може да стане првата европска земја во која ковид-сертификатот ќе биде задолжителен за сите работници. Италија се одлучи на ваков чекор со цел да принуди повеќе луѓе да се вакцинираат и така да го спречи ширењето на инфекцијата.
Ковид-пропусницата, во дигитална или хартиена форма, првично беше дизајнирана за да го олесни патувањето меѓу членките на ЕУ, но Италија го бара овој сертификат како предуслов за влез во музеи, спортски сали, ресторани или во затворен простор.
Министерката Гелмини рече дека утрешната владина седница ќе биде важен момент во врска со продолжувањето на задолжителното поседување на овој документ.
„Се движиме кон задолжителена зелена-пропусница, не само за работниците во јавниот туку и во приватниот сектор“,
додаде Гелмини.
Околу 73 проценти од 60-те милиони жители примиле барем една доза, а 65 отсто се целосно вакцинирани.
Противниците на зелената пропусница тврдат дека овој документ ги крши слободите на граѓаните и на тој начин се сака да се воведе присилна вакцинација.
Во неколку европски земји се бара здравствениот сертификат при патувања или за влез во затворен простор, но ниту една не го прогласи за задолжителен за сите работници во јавниот или приватниот сектор.