Кралот Леброн беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на новоформираното натпреварување со што дополнително го зацврсти своето име во историјата како еден од најдобрите играчи на кошарката
Лос Анџелес Лејкерс стана првиот тим во историјата кој го освои НБА-купот. Во финалето што се одржа во Лас Вегас, Лејкерс ја победи Индијана Пејсерс со 123-109, а секој играч и член на стручниот штаб добија по 500 000 долари, додека првотимците на поразениот тим и сите кои учествуваа во ова натпреварување ќе инкасираат по 200 000 долари.
Тимот од Лос Анџелес доминираше речиси низ целиот меч, а последниот удар на противникот му го зададе во четвртата четвртина, кога со серија од 13-0 за резултат 102-99 стави крај на сите дилеми.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Ентони Дејвис со 41 постигнат поен и 20 скока, од кои 15 под сопствениот кош, додека Леброн Џејмс имаше учинок од 24 поени и 11 украдени топки.

Кралот Леброн беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на новоформираното натпреварување со што дополнително го зацврсти своето име во историјата како еден од најдобрите играчи на кошарката.