Во дебата на „360 Степени“, тема беше перцепцијата на јавноста за Договорот за Бугарија и за евентуалниот договор со Грција во спорот за името.
– Интересен е податокот за поддршката на Договорот за Бугарија на крајниот Исток. За мене е интересен ако се види дека истиот тој Исток е, да речеме, поконзервативен по однос на прашањата поврзани со евентуалниот компромис со името. Е сега, и во Договорот со Бугарија беа засегнати историски, култоролошки, јазични, идентитетски прашања, а и во прашањето на името на некој начин се тврди дека ќе бидат засегнати такви прашања, но имаме исток којшто е позитивно наклонет кон Договорот со Бугарија, а е порезервиран во однос на евентуално решавање на прашањето за името со Грција. Која е логиката сега?
– За жал, не се поврзуваат двете прашања, или граѓаните не ги поврзуваат двете прашања. Размислуваат засебно, одвоено за првото, односно за второто и ги слушаат центрите на моќ или дефамацијата којашто ја добиваат од политичкото лидерство – вели Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии „Евротинк“.
– Дури, да речеме, ставот на Грција во однос на овие теми е почист во смисла на тоа – вашиот јазик е различен и од српскиот и од бугарскиот, во оваа земја живее етникум различен и од Србите и од Бугарите, е да, сега е проблемот како тоа се именува. За разлика од Бугарија којашто има проблем да признае автономност на јазикот, има проблем да признае дека овде има засебна етничка група.
– Меѓутоа, Бугарија, на пример, призна дека во оваа држава има службен јазик којшто е службен јазик на државава, меѓудругото е различен од нивниот. Ако имавме проблем тука да го признаат тоа, веројатно ќе имавме проблем да го потпишеме договорот воопшто – вели Стојковски.
– Да, ама имавме еден Бојко Борисов којшто нерадо одговори на тоа прашање среде Скопје.
– Ама кажа дека ќе го потпишеме на службените јазици на двете држави, согласно Уставот, кој и да е. Знаете како, на крајот ефектот е тој. Она што е добро заради тоа што се слуша мислењето и на тој начин се гради перцепцијата, но е поразително паралалено затоа што користиме дефамација наместо да даваме аргументи за или против, или аргументи зошто нешто би било подобро, односно како да биде тоа подобро, кога станува збор барем за овие суштински прашања за државата. Да, не е тоа внатрешна реформа и можеби нема да се одрази веднаш на животот на луѓето, меѓутоа ќе придонесе за промена на животот на луѓето – вели Стојковски.