За бруталниот напад врз писателот Салман Ружди се огласи и британскиот премиер Борис Џинсон велејќи дека е згрозен што Ружди бил избоден со нож „додека го користел правото што никогаш не треба да престанеме да го браниме“
Салман Ружди, кој со години добива смртни закани од исламистичките организации и Иран заради неговата книга „Сатански стихови“ што ја сметаат за богохулна, беше нападнат со нож на 12 август додека се подготвуваше да одржи предавање во западен Њујорк и моментално е во операциона сала
Исламскиот совет на Велика Британија го осуди нападот врз британскиот автор со индиско потекло Салман Ружди, кој денеска беше избоден со нож во вратот во американската сојузна држава Њујорк
„Таквото насилство е погрешно. Напаѓачот мора да биде изведен пред лицето на правдата“,
објавија од Советот преку Твитер.
Салман Ружди, кој со години добива смртни закани од исламистичките организации и Иран заради неговата објавена книга „Сатански стихови“ што ја сметаат за богохулна, беше нападнат со нож на 12 август додека се подготвуваше да одржи предавање во западен Њујорк и моментално е во операциона сала.
За бруталниот напад врз писателот се огласи и британскиот премиер Борис Џинсон велејќи дека е згрозен што Ружди бил избоден со нож „додека го користел правото што никогаш не треба да престанеме да го браниме“.
„Моите мисли се со неговите најмили. Сите се надеваме дека ќе биде добро“,
напиша Џонсон на Твитер.
Appalled that Sir Salman Rushdie has been stabbed while exercising a right we should never cease to defend.
— Boris Johnson (@BorisJohnson) August 12, 2022
Right now my thoughts are with his loved ones. We are all hoping he is okay.
Писателот Ружди моментално е во операциона сала, откако беше нападнат додека се подготвуваше да одржи предавање во западен Њујорк. Сè уште не се знае во каква состојба е, но е познато дека здобил повеќе убодни рани од кои една во десниот дел на вратот.
Полицијата на државата Њујорк соопшти дека по нападот, Ружди со хеликоптер бил пренесен во локална болница, а потврдено е и дека напаѓачот е во полициски притвор.
Книгата на Салман Ружди „Сатански стихови“ беше забранета во Иран во 1988 година, бидејќи многу муслимани ја сметаат за богохулна. Една година подоцна, починатиот ирански водач Рухолах Хомеини издаде фатва (правна пресуда во исламот издадена од правник, експерт за одреден случај), повикувајќи на смрт на Ружди.
Иранската влада одамна се дистанцира од декретот на Хомеини, но нетрпеливоста кон Ружди и натаму опстојува.
Иран, исто така, понуди над три милиони долари награда за секој што ќе го убие Ружди. Во тоа време, Ружди ја отфрли заканата, велејќи дека „нема докази“ оти луѓето се заинтересирани за наградата.
Писателот Ружди помина речиси една деценија во криење. Тој престана да се крие дури во доцните 1990-ти, откако Иран во 1998 година рече дека нема да го поддржи неговото убиство. Сега живее во Њујорк.
Романот на Ружди „Децата на полноќ“ од 1981 година беше награден со Букеровата награда, но неговото име стана познато ширум светот по „Сатански стихови“.