Самоил Костадиновски е внук на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, односно Самоил е внук од брат на неговата сопруга Виолета
Повици да се пронајде 26-годишниот Самоил Костадиновски последниве денови се споделуваат масовно на социјалните мрежи. Според објавите, тој наводно бил киднапиран во близина на чешката амбасада.


Како што објави ММС, тој е внук на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, односно Самоил е внук од брат на неговата сопруга Виолета.
Информацијата за ММЦ ја потврдила Вилоета Бошкоска.
„Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот, кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде што имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“,
вели Бошкоска и додава дека семејството не знае која е причината, односно тој дома не зборувал дека имал некакви проблеми.
— ИсповедитеНаДемијан (@IspovediDemijan) March 6, 2023
Информацијата за исчезнувањето на Костадиновски ја потврдиле од МВР.
„На 04.03.2023 во осум часот во СВР Скопје, М.К. (32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К. (26). Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“,
информираат од МВР.