Најновата вест од блискиот исток за која јавуваат иранските медиуми е дека Иран го лансирал вториот бран дронови кон Израел. Ова вечерва го јави „Тајмс оф Израел“ без да даде други детали.
Инаку, како што пренесува дневник.хр, Иран претходно го лансираше првиот бран беспилотни летала кон Израел, вест што ја објавија израелските медиуми, а ја потврди портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.
Беспилотните летала би можеле да стигнат до Израел околу еден часот ноќва, но можно е тоа да биде и порано, пишува Скај Њуз.
Iran launched UAVs from within its territory toward Israel a short while ago.
— Israel Defense Forces (@IDF) April 13, 2024
The IDF is on high alert and is constantly monitoring the operational situation. The IDF Aerial Defense Array is on high alert, along with IAF fighter jets and Israeli Navy vessels that are on a… pic.twitter.com/eEySouGVcN
Израелската телевизија „Канал 12“, пак, објави дека Иран лансирал десетици беспилотни летала кон цели во Израел и дека нивниот лет се очекува да трае со часови. Експертот со кој разговараше телевизијата, пензионираниот генерал Амос Јадлин, изјави дека беспилотните летала се опремени со по 20 килограми експлозив и дека израелската воздушна одбрана е подготвена да ги собори.
Вечерва свое обраќање имаше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
In recent years, and especially in recent weeks, Israel has been preparing for a direct attack by Iran.
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) April 13, 2024
Our defensive systems are deployed; we are ready for any scenario, both defensively and offensively. The State of Israel is strong. The IDF is strong. The public is strong. pic.twitter.com/ykeItV7ZRi
„Во последните години, а особено во последните недели, Израел се подготвува за директен напад од Иран. Нашите одбранбени системи се распоредени – подготвени сме за секое сценарио, и дефанзивно и офанзивно. Државата Израел е силна. ИДФ се силни. Јавноста е силна“,
рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во обраќањето до јавноста.
Ројтерс, пак, повикувајќи се на три безбедносни извори, објави дека неколку беспилотни летала се видени како летаат од правец на Иран над ирачката провинција Сулејманија.
Поради страв од ирански напад врз Израел, Јордан и Ирак вечерва го затворија својот воздушен простор, пренесува Sky News.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден редовно добива нови информации за нападот со беспилотни летало што го започна Иран.
Претходно денеска, Бајден го прекина патувањето во Делавер, каде што требаше да го помине викендот, за да разговара за настаните на Блискиот Исток.
Инаку, Техеран вети одмазда за израелскиот напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск минатата недела, во кој беше убиен висок командант на елитната единица „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда и шест други офицери.
Во петокот Бајден го предупреди Иран да не се одмаздува иако рече дека напад можеби ќе биде неизбежен.
Израел не ја презеде одговорноста за воздушниот напад на иранската амбасада, но иранскиот врховен лидер Али Хамнеи рече дека Израел мора да биде казнет за операцијата.
Претходно денеска иранската државна новинска агенција ИРНА јави дека Иранската револуционерна гарда го запленила бродот „МСЦ Ариес“ за кој велат дека е поврзан со Израел. Иранците најавија дека ќе го преместат бродот во иранските територијални води.