Повеќе од 700 луѓе починаа во Иран од труење со метанол, за што погрешно мислеле дека лекува од ковид-19, соопшти иранското Министерство за здравство.
Советникот во Министерството, Хосеин Хасаниан, изјави дека бројот на починати од труење со метанол е поголем бидејќи дел од жртвите починале во своите домови, а не во болница.
„Околу 200 луѓе починаа надвор од болниците“,
посочи Хасаниан.
Според иранското Министерство за здравство, во периодот од 20 февруари до 7 април починале 728 луѓе од труење со алкохол, додека нивниот број минатата година изнесувал – 66.
Во Иран има 91 472 случаи со ковид-19, од кои 5 806 починаа, а 70 933 оздравени.