За конгресот да биде легитимен требаше да се соберат најмалку две третини од делагатите кои учествуваа на конгресот во Валандово и да гласаат за (не)доверба на Мицкоски
Одложен е вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што го најавуваше иницијативниот одбор на партијата за 28 март.
Како што соопштуваат тие, причина е влошената епидемиолошка состојба во земјата, а со тоа и доцнењето на техничките подготовки.
„Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“,
велат поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, требаше да се одржи со цел да се гласа за доверба на партискиот лидер Христијан Мицкоски, поради поразот на последните парламентарни избори. За конгресот да биде легитимен требаше да се соберат најмалку две третини од делагатите кои учествуваа на конгресот во Валандово, затоа што таков е принципот на одлучување, согласно со партискиот Статут.
Паралелно, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ закажа конгрес, но редовен и изборен, за кој најавија дека ќе се одржи во ноември, пред истекот на првиот мандат на Мицкоски на чело на партијата.