Во изминативе два месеца на територијата на Скопје се реконструираат повеќе улици. Како што најави и градоначалникот Петре Шилегов, “за Скопје нема друга алтернатива освен да ја подобри инфраструктурата со цел побезбеден сообраќај, но и поголема безбедност на пешаците и велосипедистите”.
Дел од граѓаните на социјалните мрежи реагираа за зголемениот метеж во градот, особено на подрачјето на општина Центар како резултат на градежните активности на улиците.
„Метежот ќе заврши, а потоа, за неполн месец, на сите локации каде што работиме ќе добиеме целосно обновена или нова инфраструктура. Ги замолувам граѓаните за разбирање“,
апелираше во неколку наврати градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
На стартот на градежните работи беше најавено дека ќе се реконструираат 20 улици низ Скопје, во сите 10 општини, а за таа цел се обезбедени околу 12 милиони евра од буџетот на Град Скопје.
„360 степени“ изработи мапа на која може да се видат локациите на активностите кои се во тек, но и на оние кои завршија.
Мапата ќе се дополнува.